Петнаесет компании денеска поднесоа понуди за изведување на градежни работи за проектот "Изградба на нова автопатска делница Демир Капија - Смоквица, дел од Пан-Европскиот Коридор 10". До крајниот рок за доставување на понудите во Министерството за финансии, што истече денеска напладне, се пријавија следните фирми/конзорциуми: „Јoint Venture, JIP AVAX-Athena" - Грција, „Acciona-PST" - Шпанија, „Imresa Pizzaroti I.C.G.P.A." - Италија, „Тoto S.P.A. Construzioni Generali"- Италија, „Actor" - Грција, „Strabac A.G."- Австрија, „Joint Venture Porr-Terna" - Австрија, „Condotte-Kolin" - Италија, „Todini Costruzioni Generali SPA" - Италија, „Alpine BAU GMBH" - Австрија, „MAPA Insaat ve ticaret A.S" - Турција, „Hochtief Solutions AG" - Германија, „CWE-CRI" - Кина, „Cengiz-TAV-MAКYOL" - Турција, „Joint Venture OHL-Trace-OHL ZS-INVALL" - Шпанија. Меѓу останатите пропишани критериуми, понудувачите мора да обезбедат гаранција од 3.000.000 евра, а вкупниот просечен годишен обрт за градежни работи во текот на последните 3 години треба да изнесува најмалку 150.000.000 евра.
Петнаесет компании денеска поднесоа понуди за изведување на градежни работи за проектот "Изградба на нова автопатска делница Демир Капија - Смоквица, дел од Пан-Европскиот Коридор 10".
До крајниот рок за доставување на понудите во Министерството за финансии, што истече денеска напладне, се пријавија следните фирми/конзорциуми: „Јoint Venture, JIP AVAX-Athena" - Грција, „Acciona-PST" - Шпанија, „Imresa Pizzaroti I.C.G.P.A." - Италија, „Тoto S.P.A. Construzioni Generali"- Италија, „Actor" - Грција, „Strabac A.G."- Австрија, „Joint Venture Porr-Terna" - Австрија, „Condotte-Kolin" - Италија, „Todini Costruzioni Generali SPA" - Италија, „Alpine BAU GMBH" - Австрија, „MAPA Insaat ve ticaret A.S" - Турција, „Hochtief Solutions AG" - Германија, „CWE-CRI" - Кина, „Cengiz-TAV-MAКYOL" - Турција, „Joint Venture OHL-Trace-OHL ZS-INVALL" - Шпанија.
Меѓу останатите пропишани критериуми, понудувачите мора да обезбедат гаранција од 3.000.000 евра, а вкупниот просечен годишен обрт за градежни работи во текот на последните 3 години треба да изнесува најмалку 150.000.000 евра.
Од понудувачите се бара да исполнат и критериуми кои се однесуваат на искуството во реализацијата на слични проекти, односно да имаат завршено изградба на најмалку еден автопат со вредност на договорот од 250.000.000 евра, или пак да имаат активен договор за проект во истата вредност, чиј степен на реализација е најмалку 60%. Исто така, понудувачите треба да имаат искуство во изградбата на тунели и мостови и да ги поседуваат сите соодветни професионални дозволи.
По завршувањето на оценувањето на понудите, ќе се потпише Договорот за градежни работи, што се очекува да се случи во првиот квартал на 2012 година, а изградбата ќе трае 4 години.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА) - во висина од 45 милиони евра, од Европската Инвестициона Банка - 130 милиони евра, од Европска Банка за Обнова и Развој - 90 милиони евра и од Агенција за државни патишта - средства во висина 6 милиони евра.
Новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица, како дел од Пан-европскиот Коридор 10 која е во должина од 28, 2 километри ќе се реализира како целосно автопатско решение. Предвидено е овој автопат да содржи 2+2 коловозни ленти во широчина од 3.50 метри за секој правец, физички одвоени со средна лента од 3 метри, а предвидената дозволена брзина ќе биде 110 km/h постојано по целата лента.
На трасата предвиденo е да има 6 двоколовозни мостови (вкупно 4,55 km сметани едноколовно), 2 двоцевни тунела (вкупно 4.94 км сметани едноцевно), 2 клучки, од кои едната кај населеното место Миравци, а другата кај населеното место Смоквица, 5 натпатници (вклучувајќи ги и оние на клучките), 7 потпатника и секундарна патна мрежа од15 km (локални и пристапни патишта).